Премиерот Зоран Заев се вратил од Брисел, каде се одржува состанок на лидерите на ЕУ од кој сѐ поизвесно е дека Македонија нема да добие датум за преговори.
Заев пристигнал во Скопје уште вчера попладне.
Според нашите информации, во Владата и во партиите дел од власта во тек е координација на повеќе нивоа, но засега нема конкретни информации што може да се очекува и дали евентуално во игра е и оставка.
Паралелно, како што веќе објавивме, претседателот Стево Пендаровски, за во недела планира да ги повика политичките лидери на средба во Вила Водно.
Предлогот од Пендаровски е средбата меѓу лидерите да се одржи во Вила Водно во недела во 17 часот.