Заев: Се вративме на главниот автопат кон Европа од споредниот балкански колосек ВИДЕО

Ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојување на државата, во периодот што следува, а во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, но и со брзината со која ќе ја стасаме таа цел - рече премиерот.

227

На свечена церемонија денеска пред Владата на Република Македонија беше кренато знамето на НАТО.

-Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината,  не само нашата и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја, рече премиерот Заев на церемонијата пред Владата по повод кревањето на знамето на НАТО.

Тој истакна дека денес со сигурност кажуваме дека нашата татковина е на вистински пат кон прогресот и непречен развој.

– Успеавме од споредниот балкански колосек, на кој чекавме со децении и се вративме на главниот автопат кон Европа, рече Заев и додаде дека во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојување на државата, во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, но и со брзината со која ќе ја стасаме таа цел, рече премиерот.

Заев оцени дека иднината веќе не ни е судбина, туку судбината ја земавме во свои раце и ја одредивме иднината.

Премиерот потеницра дека овие денови ја почнуваме следната комплексна етапа во изградбата на нашата држава според европските стандарди и оти никој веќе нема да не блокира од надвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...