Заев: Секој може да се надрасне себеси и да дејствува за доброто на заедницата

1082

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска по повод Раѓањето Христово – Божик со сопругата Зорица го посети манастирот „Свети Леонтиј“ во струмичкото село Водоча.

– Секој од нас лично ја има можноста да го послуша гласот на совеста. Секој може да се надрасне себеси и уште поопределено да дејствува за доброто на заедницата, за доброто на децата и родителите, за семејството, за себе и секако за доброто на нашата земја во којашто живееме, работиме, твориме, учиме. Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред која сме исправени, да стоиме искрено и храбро на страната на вистината, правдата, мирот и љубовта. Затоа, на Божик секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон радоста и солидарноста. Христос се роди!, вели Заев во Божиќната порака објавена на неговиот ФБ профил.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...