Премиерот Зоран Заев пред средбата со својот колега Киријакос Мицотакис, се сретна сретна и со поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.
– Добрите пријатели на нашата земја остануваат посветени на одржување и продлабочување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Грција. Секоја средба со поранешниот градоначалник на Солун Бутарис носи нешто ново. Ме извести дека идната недела ќе посети неколку градови во нашата земја како дел од програмата за поврзување на градовите од двете земји. Се согласивме дека секоја бизнис-инвестиција е инвестиција во пријателството за подобра заедничка иднина за граѓаните на двете земји, објави Заев на Фејсбук.