Заев: СДСМ ќе го поддржи разрешувањето на Јанева, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење 

1233

Пратениците на СДСМ на утрешната собраниска седница ќе го поддржат разрешувањето на Катица Јанева, но, не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за ТВ „Сител“.

– Толку е нелогично тоа дека во „Рекет“ некој бил вмешан од блиските луѓе на Заев и затоа не се разрешува Катица Јанева, едно со друго нема „блага врска“. За Собранието да не ги кочи постапките на барање на Советот на обвинители, тоа ќе постапи. Нашето укажување и писмено го дадовме, дека ќе дадеме поддршка во Парламентот, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, истакна Заев.

Според него, мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а Собранието не смее да биде причина и пречка на постапката.

Заев повтори дека тој го пријави случајот „Рекет“, а Обвинителството е целосно ослободено и постапката се води максимално транспарентно.

– Сакам постапката да заврши час поскоро. Граѓаните сакаат да ги знаат одговорите. Постојат закони во државата и треба да се постапува по нив. Јас сум задоволен зашто веќе нема влијание врз правосудството, потенцира премиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...