Заев: Св. Климент Охридски нѐ задолжи сите со своето дело

Денес, Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа. Тоа е остварено постојано имајќи го предвид и големото дело на Свети Климент, како и делата на сите останати црковни и духовни големци во редот на нашата историја, вградени во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ. Ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, и за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, рече Заев.

207
Со Свети Климент Охридски се поврзани почетоците на  македонската писменост и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта. Тој со неговото големо духовно – просветителско дело со кое нѐ задолжи сите, ни покажа како „на дело“ се станува и духовник и просветител. Предизвици имало и ќе има. Како што успеал Свети Климент Охридски во мисијата на неговото време, повикани сме да се обидеме и да успееме и ние. Да ги надминуваме предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува како народ и како држава, порача денеска премиерот Зоран Заев, обраќајки на духовната академија во чест на празникот Свети Климент Охридски, патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
– Денес, Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа. Тоа е остварено постојано имајќи го предвид и големото дело на Свети Климент, како и делата на сите останати црковни и духовни големци во редот на нашата историја, вградени во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ. Ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, и за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, рече Заев.
По влезот во Европската Унија, додаде премиерот, македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Унијата. Како 25-ти работен јазик на кој ќе се зборува во Брисел, тој ќе биде „рамо до рамо“ со јазиците кои се говорат во нашето соседство, бугарскиот, хрватскиот и грчкиот. Тоа го гарантира Повелбата на ЕУ и Договорот за ЕУ.
-Конечното признание за посебноста на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо, во Унијата, која беспрекорно ја почитува јазичната разноликост, е последниот и најцврст бедем за заштита на македонскиот идентитет. Освен тоа, тој ќе стане составен дел и од европскиот идентитет, во заедницата од 500 милиони луѓе, основана под мотото „Обединети во разновидноста”. Почитувањето на јазичната разновидност е темелна вредност на ЕУ. Повелбата за основните права на ЕУ забранува дискриминација врз основа на јазикот и ја обврзува Унијата да ја почитува јазичната разновидност, истакна премиерот во обраќањето.
Оддавајќи му почит на Свети Климент Охридски и за се она што го направил и оставил зад себе тој потенцира дека секој може да биде своевиден Свети Климент Охридски почитувани граѓани и почитувани присутни.
-Духовноста, просветлението, просветителството се дадени на секој од нас, а со нивното практикување стануваме подобри луѓе, во подобар свет, солидарен свет, образуван свет. Така градиме сегашност и иднина за секој човек, за секој граѓанин, за секој од нас. Предизвици имало и ќе има. Како што успеал Свети Климент Охридски во мисијата на неговото време, повикани сме да се обидеме и да успееме и ние. Да ги надминуваме предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува како народ и како држава, истакна премиерот.
Во таа насока, тој е убеден и дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе се ангажира уште поактивно во надминување на предизвиците исправени пред неа и дека наскоро ќе биде прифатена како реалност во православниот свет.
Свети Климент Охридски, рече во обраќањето Заев, е основоположник на македонската духовност и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Тој, како еден од најблиските и најревносните соработници и соучесници во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј во Моравија за описменување на народите со словенски происход и нивен ученик и следбеник, ги прифатил сите страдања на кои бил подложен зашто верувал во доброто што го правел и останал доследен на обврската што ја чувствувал кон мисијата да го продолжи делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност.
Свети Климент Охридски, потенцира Заев, применувал богослужба и создавал словенски свештенички кадар, затоа што бил свесен за важноста на духовната поткрепа на луѓето, кои ја наоѓале во Црквата, и дека таа духовна поткрепа треба да ја добиваат со црковна служба на својот мајчин јазик. Христовата црква, со востоличувањето на катедрата на Охридската Архиепископија, не беше нова црква. Таа е светла точка од историјата на континуитет на христијанството на овие простори со корени уште од апостолско време.
-Христијанството на просторите на географска Македонија, прв го донесе, го прошири и го проповедаше Светиот апостол Павле, за што сведочат и Делата Апостолски. На тие негови патувања бил придружуван и од други апостоли, кои подоцна и самите, независно од Светиот апостол Павле, ќе проповедаат и ќе ја шират црквата Божја на овие простори. Низ историјата на христијанството се запишани бројни сведоштва за долгиот развој на црковното организирање, со богат духовен живот на бројните митрополии и епископии. За тој период, низ целата територија на денешна Република Северна Македонија, говорат голем број ранохристијански базилики и црковни храмови, истакна во обраќањето премиерот.
Како што истакна, директен резултат на просветителската дејност меѓу словенските народи на Светите браќа Кирил и Методиј, а подоцна и на светите отци охридски Климент и Наум, е никулецот од кој потоа израснуваат и првите словенски епископи на Светата Охридска Архиепископија. Свети Климент, како голем човек и силна личност,  е жив паметник на нашата историја и како основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...