Заев само се поздравил со Орбан, друг пат ќе му каже дека Груевски треба да лежи затвор

818

Ја побаравме поддршката од земјите членки за процесите во ЕУ и во НАТО. Македонија се истакнува во позитивно светло во градењето пријателство, добрососедските односи, реформите и очекувањата се дека преку Македонија ќе продолжи проширувањето, рече премиерот Зоран Заев, по Самитот на шефовите на влади на земјите членки на Централно Европската Иницијатива.

Премиерот рече дека при посетата на Загреб не остварил средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера присуствувал на вечерата што ја организираше хрватскиот премиер Пленковиќ со присутните шефови на делегациите на Самитот, но денеска не остана на Самитот.

– Во следна прилика ќе го искажеме очекувањето за одговор на барањето екстрадиција за Никола Груевски, бидејќи тој според меѓународните конвенции и законите мора да ја отслужи својата казна во Република Македонија – рече премиерот Заев.

На прашањето дали има некаква порака од Хан, Заев рече дека еврокомесарот Јоханес Хан е задоволен од Македонија и од постапките во Парламентот и внатрешниот дијалог на власта со опозицијата. Еврокомесарот Хан, како што рече Заев, споделил очекување дека ова ќе го овозможи потребното двотретинско мнозинство во Парламентот за уставните амандмани, во согласност со Договорот од Преспа.

На прашања од регионалните медиуми за очекувањето за членство на Македонија во НАТО, премиерот Заев рече дека Македонија свети на Балканот, дека со реформите и со Договорот од Преспа е отворен патот и дека Македонија ќе биде следната 30. земја членка на НАТО. Тој во одговор за односите Белград Приштина децидно одговори дека и Србија и Косово се соседи на Македонија, дека нашата држава е посветена на добрососедските односи, дека не се меша ниту учествувала во какви било состаноци во врска со ова прашање и дека Република Македонија останува посветена на градењето добри односи со сите соседи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...