На Извршниот одбор ќе предложам да влеземе во разговор со политичките субјекти во државата, не само коалиционите, туку вонпарламентарните партии, опозициските партии, барем дел од нив да се обидеме преку заедничка анализа да изнајдеме кандидат којшто чувствуваме дека би бил поддржан од сите граѓани, рече премиерот Зоран Заев пред седницата на Извршниот одбор на СДСМ.
– Кога зборувам сите, зборувам сите етнички заедници, социјални групи и така натаму, се работи за претседател на државата, тоа е првата функција во државата. Верувам дека имаме шанси да успееме, во најмала рака верувам дека нема ништо да изгубиме ако се обидеме. Може ќе успееме, можеби и не, но јас верувам дека треба да се обидеме да успееме заради тоа што и концептот едно општество за сите го градиме преку многу алатки и една од алатките е и токму таа како се поставуваме кон луѓето, кон функциите и слично. Јас верувам дека политичките субјекти, пред се одговорноста на коалиционите политички субјекти треба да биде на повисоко ниво, ако го тераме овој концепт навистина да смогнеме сили, да собереме енергија за сите нас, да застанеме зад кандидат за којшто граѓаните впрочем би застанале – рече Заев.