Премиерот Зоран Заев потврди дека во игра било тој да си поднесе оставка, но по консултациите со многумина одлучил дека нема право да се откаже и затоа предлогот е да се оди на брзи избори.
– Јас сум Зоран Заев, може да бидам градоначалник, премиер, но прво сум човек и одлуката во Брисел кај мене предизвика горчина. Комуницирјќи со сите, сите опции беа во игра. Но реков немам право да се откажам да се борам, народот ќе одлучи дали ќе ми го довери мандатот за да продсолжиме по тој пат. Се друго е ќорсокак. Оставив вчера денот да преспие – рече Заев.
Тој додаде дека во зависност од утрешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски и во консултација со партиските лидери ќе се одреди датумот на изборите и во зависност од тоа и рокот од кога ќе почне Пржинската влада, односно тој ќе поднесе оставка.
– Јас сакам да ги слушнам сите. Имам свои очекувања. Важно е опозицијата што ќе каже затоа што и тие бараа предвремени избори. Секако треба да го слушнеме ставот на коалоциските партии. Немам конкретно датум. Опциите се отворени, одговори Заев на прашањето кога точно би се одржале предвремените парламентарни избори.
Заев рече дека по лидерска закажал состанок и со коалициските партии за тоа кога ќе се оддржат изборите.