Заев: Република Илинденска Македонија е името за можен компромис со Грција ВИДЕО

1150

 Република Илинденска Македонија е опцијата, која ја разгледале како најприфатлива македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас на преговорите во Софија, а за кој денеска премиерот Заев ги информирал учесниците на лидерската средба во Скопје.

– Информирав за последната фаза од преговорите за спорот за името. Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси ги информирав претседателот на државата, на Собранието, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека владите на Македонија и Грција разогвараа за опција и решение, кое може да биде прифатливо и за двете страни. Република Илинденска Македонија е можен компромис, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Република Илиндитасе е Македонис, изјави Заев.

Премиерот истакна дека со овој предлог се зајакнува темелот на нашата држава. Илинден, додаде е нашата светла иднина, со ова име го зајакнуваме нашиот идентитет, а македонскиот Илинден е гаранција за мултиентичка Македонија.

Заев нагласи дека со можниот договоро ќе добиеме финална потврда за македонскиот јазик, гаранција за идентитетот и за меѓународните кодови.

– Ќе прифатиме севкупна употреба за ова име, а за внатрешна употреба ќе се спроведува во фази, рече Заев и најави референдум, неште што грчката страна го прифатила.

На средбата присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбата беа присутни и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Пред Клубот на пратеници во исто време се одржуваше протест на мала група луѓе против прегворите за промена на името на Макеоднија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...