Заев: Рано е за предизборно коалицирање, дебатата по ноември

189

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека дебатата за предизборно коалицирање на предвремените парламентарни избори најавени за 12 април следната година нема да ја почнат пред крајот на следниот месец.

Одговарајќи на новинарско прашање дали досега веќе разговарал со сегашните коалициски партнери и им предложил предизборна коалиција, Заев истакна дека се уште е рано со оглед дека до кампањата и изборите има пет односно шест месеци и оти ставот за тоа би се знаел веројатно на крајот на февруари или почетокот на март.

– Не сме зборувале. За претседателските избори е едно стојалиште и нормално е кога само еден кандидат или повеќе канидати да се групираат политичките партии. Ние не сме ја ни отвориле таа дебата и немаме намера сигурно да ја отвориме до крајот на ноември. Далеку се изборите, без малку за шест месеци, до кампањата има уште пет месеци. Веројатно тоа ќе се случува крајот на февруари и почетокот на март кога ќе ги замеме нашите стојалишта, така што многу е рано да зборуваме за тоа – изјави Заев, по стартот на кампања за промоција на стручното образование и занимања во СГГУ „Здравко Цветковски“ во Скопје.

На лидерската средба што се одржа во неделата на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски беше договорено на 12 април следната година да се одржат предвремени парламентарни избори, откако државата не доби датум за почнување преговори за членство со Европската Унија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...