Заев: Размислуваме за промена на законите за решавање на проблемот со бездомни кучиња

Проблемот со бездомните кучиња, премиерот, го лоцира во  компликуваните закони кои општините не можат да ги постигнат, но, како што рече треба да се следат препораките на ветеринарите.

858

Премиерот, Зоран Заев изрази жалење за трагедијата што се случи во Гостивар, каде што 17-годишно девојче бегајќи од куче се удави во Вардар.

Проблемот со бездомните кучиња, премиерот, го лоцира во  компликуваните закони кои општините не можат да ги постигнат, но, како што рече треба да се следат препораките на ветеринарите.

-Јас знам како поранешен градоначалник дека Општина Струмица плаќаше огромни суми за приватни компании кои организираа центри за згрижување на кучиња согласно стандардите. Размислуваме на промена на легислативата во пофлексибилен начин кој ќе ги почитува меѓународните стандарди за заштита на животот на жиувотните, но Република Македонија да може да го спроведе, бидејќи надлежноста е кај општините. Еден начин е преку промена на законодавството, потоа и кон повнимателно слушање на ветеринарите и спроведување на нивните укажувања – рече  премиерот Зоран Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...