Заев: Разговараме со сите албански партии, за еден месец ќе одлучиме со кого ќе коалицираме

Крајот на февруари, почеток на март ќе биде кога ќе се носат вакви одлуки за коалиции составени од мултиуетнички партии и од партии на заедниците , рече Заев.

1029

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека неговата партија полесно ќе најде партнер за евентуална предизборна коалиција од политичките противници. Ставот го темели на досегашната соработка со сите останати освен со ВМРО-ДПМНЕ. Заев кажа дека одлуката за тоа со кого ќе коалицираат за следните избори ќе се носи на крајот на февруари, почетокот на март.

– Имаме разговори со сите, со традиционалниот коалциски партнер, разговори со опозициските партии, и ДПА и Алтернатива, но отворена комуникација и со Беса и со Алијанса. Заедно гласавме уставни промени, заедно гласавме закон за употреба на јазици, дел од реформите, не само оние со двотретинско мнозинство, туку се што е важно за државата. Ние сме мултиетничка партија, поставена многу отворено, имаме одлична соработка и тоа не доведува до предност во однос на нашиот опонент слободно калкулираме, носиме одлуки, правиме нешто што е најдобро за државата и за најдобро позиционирање на политичките партии – рече Заев во Тетово.

Тој вели дека за евентуални предизборни коалиции се прават анализи, каков е бенефитот, како ќе реагираат граѓаните, дали е прифатливо и слично.

– СДСМ е позитивен дури и за предизборни коалции со албанските политички партии заради тоа што немаме никакви предрасуди затоа што нза ас граѓаните се граѓани, не ги делиме етнички, веруваме во едно општество за сите. И треба да правиме чекор повеќе за унапредувањето на овој концепт каде сите сме само граѓани, вредиме исто. Крајот на февруари, почеток на март ќе биде кога ќе се носат вакви одлуки за коалиции составени од мултиуетнички партии и од партии на заедниците – рече лидерот на СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...