Заев: Радувај се Македонијо, НАТО ги отвори портите! ВИДЕО/ФОТО

Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата, напиша премиерот на Фејсбук.

949

Радувај се Македонијо!
Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени.

Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата.

Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми.

Денес е голем, историски ден, за Република Македонија.

Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја.

По тој повод, во овој момент гостувам како говорник на конференцијата NATO ENGAGES во рамки на Самитот во Брисел.

(Статус на Фејсбук на премиерот Зоран Заев)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...