Заев: Работиме на намалување на цената на зелениот картон за возилата

616

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при пратување во странство, најави претстедателот на СДСМ Зоран Заев,  на граѓанската трибина „На прав пат“ во Куманово. Ова го соопшти Центарот за комуникации со јавност на партијата.

Тој додал дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за се она што претставува трошок во зелениот картон.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните – порачал Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...