Заев: Процесот на реформи на методологијата мора да течe паралелно со почетокот на преговорите со Македонија ВИДЕО

218

Дозволете прво до граѓаните, големи пријатели на Република Италија, да се заблагодарам во името на нашиот македонски народ за ратификацијата на протоколот од НАТО која што ја направивте преку вашиот Парламент за што сме ви многу благодарни, ние ќе бидеме 30та земја членка и преку тоа го зајакнуваме и нашето партнерство со Република Италиј, рече во своето обраќање премиерот Зоран Заев при посетата на италијанскиот колега Џузепе Конте.

Тој рече дека рече дека Италија и премиерот Конте ги смета за незаменливи партнери и пријатели на Македонија и на целиот Западен Балкан.

– Во овој момент, какви било алтернативни или експериментални идеи како евентуална замена за членството во ЕУ, можат да бидат опасност за стабилноста и за напредокот на Западниот Балкан. Државите од Западен Балкан се опкружени од држави членки на ЕУ и ние сме внатре како остров во ЕУ, тие немаат друга подобра иднина освен членството и реинтеграција таму каде припаѓаме – во Европската унија. Тоа го знаат и нашите граѓани кои во висок процент од 85% сакаат и очекуваат членство во ЕУ.

Ние сме целосно согласни дека процесот на преговори треба да биде зајакнат, поефикасен, посуштински и да овозможува реверзибилност кога за тоа има потреба. Но исто така сме убедени дека процесот на реформи на методологијата за преговори и на иднината на ЕУ можат и мораат да течат паралелно со почетокот  и текот на преговорите со Северна Македонија и другите држави во регионот.

Најдобро за нас и најдобро за ЕУ е да има жив, активен процес кој ќе ни помогне во реформите кои и онака сме решени да ги правиме во наш интерес.

Се надеваме дека дискусијата за новата методологија и за почеток на преговори со Северна Македонија до Самитот во Загреб следната година ќе се заокружи во интерес на сите – рече Заев.

 

 

.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...