Процесот е сериозен, ќе се обидеме да обезбедиме двотретинско мнозинтво со пратениците, ќе направиме се што можеме, порача лидерорт на СДСМ и премиер Зоран Заев по состанокот на извршниот одбор на партијата.
Тој одби да одговори дали имало комуникација со опозицијта, но само ги повтори позициите дека доколку не се постигне договор за гласање на уставните измени во Собранието, ќе се оди на избори.
– Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови. Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали – изјави Заев по состанокот на ИО на СДСМ.