Шпицен кандидат имаше европската левица и десница. Ако мислите да не бидам кандидат на пратеничка листа, јас немам проблем со тоа, нека прифати Мицкоски една изборна единица ќе се договориме. Јас немам амбиција за пратеник. Немам дилеми, растеретен политичар сум. Како сака Мицкоски ќе играме, шпиц – шпиц, крило – крило. Јас барам мандат за премиер, Ова е одговорот на премиерот Зоран Заев напрашање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дали ќе прифати шпицен кандидат со услов поразениот на избори да си замине од политиката.
Мицевски побара Заев да одговори дали последните анкети се нарачани од власта.
– МЦМС има свој рејтинг. Низ годините и многу често анкетите и нам не ни се допаѓале и сега демек некој нешто реди, мести. МЦМС соработува со сите институции. Таа организација се финансира со меѓународни пари. Јас впрочем кажав дека рзликите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде меѓу 60.000 и 120000 гласачи. Тоа се должи на вашите политики. Дел граѓани се ежат на помислата да се врати ВМРО-ДПМНЕ. Фактите се такви 11 години бевте власт и ќе ви треба подолг период да се реформирате и демократизирате. Фала на ваквото пенал парашање кое го поставивте. Фала богу државата е транспарентна, граѓаните знаат што ќе се случи ако победите вие, ќе се вратат меѓуетничките тензии… граѓаните знаат што значи тој ризик, потао веднаш кавги на прва топка со Мицотакис и со Бојко Борисов – рече Заев.