Премиерот Зоран Заев смета дека може да се приближат ставовите околу новиот закон за Јавното обвинителство и оти голем дел од препораките на опозицијата се прифатени.
– Позициите ни се јасни, но јас гледам дека се приближуваат и дека можеме. Точно е дека прифативме голем дел од препораките од опозицијата. Се гледа. Уште еднаш да појаснам. За да може да најдеме решение во кое ќе успеат сите да кажат дека се победници во функција на своите аргументации, правиме припојување на СЈО кон постојното ЈО за организиран криминал кое го менува своето име и за висока корупција. Нема потреба да седат Заев и Мицкоски да бираат обвинители – рече Заев одговорајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција.