Претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за ратификација на Договорот со Грција, а референдумот тоа само ќе го потврди, апелира денеска премиерот Зоран Заев.
Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот фотоволтаичен систем на приватен објект, Заев напомена дека првпат по 27 години граѓаните добиваат шанса да одлучуваат за иднината на Македонија.
– Верувам во нашиот народ и во успешноста на процесот со кој ќе се гордеат многу генерации – истакна премиерот.
Нарекувајќи го Договорот фер и правичен, Заев напомена дека веќе е вторпат ратификуван. Следува референдум, уставни промени, а потоа и ратификација во грчкиот Парламент по што Договорот и официјално стапува во сила, односно ќе почне употребата на новото име.