Заев претпладне во Романија, а вечерва на бал во Австрија

165
Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во официјална посета на Романија.
Заев, како што се наведува во владиното соопштение, во посетата е придружуван од владина делегација и од неговата сопруга.
Во рамки на официјалната посета на Букурешт, предвидени се средби со владиниот и државниот врв на Република Романија.
Премиерот Заев претпладнево ќе се сретне со романската премиерка, Виорика Данчила, по што ќе следуваат изјави за медиумите.
За попладне, предвидени се приеми на премиерот Заев и делегацијата, кај претседателот на Домот на пратениците, Ливиу Драгнеа, како и кај претседателот на Сенатот на Република Романија, Калин Попеску – Таричеану.
Премиерот Заев денеска ќе престојува и во работна посета на Австрија. Во Виена доцна попладне Заев ќе има средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Заев на покана на канцеларот Курц, ќе биде почесен гостин на отворањето на Виенскиот бал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...