Заев пред да пресече за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

1229

По внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии ќе се одлучува за активностите на ДУИ, односно за поднесувањето на пет-шест илјадите амандамани за Изборниот законик, истакна премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев кој рече и она што ВМРО-ДПМНЕ испратило девет илјади амандмани е силен сигнал за блокирање на процесот.

– Ќе ги видиме сите анализи. Со партнерите ќе разговарам и сакаме да ги видиме ваквите објаснувања. Но, како што реков вчера, навистина пораката е многу нелогична, партнерите во најмала рака зборуваат. Ние зборувавме со нашите аргументи зошто е подобро една изборна единица. Се одржаа состаноци, се носеа одлуки од страна на политичките партии и не смееме да не го слушаме гласот на помалите политички партии. На крајот имаме изнасилена демократија. Демократијата се базира навистина на мнозинството и аргументите да ги ставиме на маса. Имаше одредени идеи сега да донесеме па да важат 2024. Јас се залагам да важи веднаш и мислам дека тоа можеме – истакна лидерот на СДСМ.

Ова, рече тој, е еден исчекор што сме должни пред граѓаните да го направиме не заради тоа што ние сме ветиле пред изборите. Реков ние губиме, после тоа губи ВМРО-ДПМНЕ, па после добиваат сите.

-Прво добива државата ама добиваат и сите други политички партии – нагласи Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...