Заев: Прва партија сме во која во највисокиот Извршен одбор има повеќе жени од мажи

1329

Зборот важи затоа што рековме дека ќе бидеме и ќе даваме повеќе простор на жените и еве и тоа се случи. Покрај тоа што немаме ниту законска ниту статутарна обврска, денес докажавме дека сме прва политичка партија во која највисокиот Извршен Одбор на партијата на СДСМ, има повеќе жени од мажи. Денеска избравме 16 членови на Извршниот Одбор од коишто 9 се жени. Ова го изјави премиерот Зоран Заев по вечерашното заседавање на Централниот одбор на СДСМ во Охрид.

– Сакаме да ја испратиме пораката на користењето на еднаквиот капацитет на државата  помеѓу мажите и жените, заради тоа што знаеме дека немаме сеуште рамноправна еднаквост, рамноправност помеѓу мажите и жените, вградени и во политичкиот систем на општеството но и во општествениот систем на нашата земја, за да можеме и тој потенцијал максимално да го искористиме. Верувам дека таа порака ќе стигне до многу државни институции, до многу општински институции но и политички партии.  Јас сум горд на одлуката на Централниот Одбор којшто денеска ја донесе – рече Заев.

Говорејќи за членовите на извршниот одбор, Заев рече дека првпат има активист од ромската заедница.

– Сакаме преку тоа да испратиме порака дека многу по посветено ќе работиме на дигање на стандардот економски на најсиромашната заедница во Република Северна Македонија а тоа се Ромите. Избравме жена, потврден активист за Ромски прашања, верувам дека не само поради неа, туку поради нејзиното учество во највисоките органи на СДСМ ќе имаме сериозен фокус во овие прашања – додаде Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...