Заев по фармерки на приемот кај Бејли (ФОТО)

Амбасадорот Џес Бејли побара од гостите да дојдат облечени во фармерки, а за да бидат во боите на американското знаме, требаше да носат маичка или кошула во бела боја или некој црвен детаљ.

5866

Вечерашниот прием по повод 4-ти јули, Денот на независноста на САД, се одбележа во знакот на џинсот.

Амбасадорот Џес Бејли побара од гостите да дојдат облечени во фармерки, а за да бидат во боите на американското знаме, требаше да носат маичка или кошула во бела боја или некој црвен детаљ.

Гостите го испочитуваа барањето на амбасадорот, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица.

Сопругата на Бејли, Кејти Бејли, објасни дека идејата била оваа година гостите да го прослават празникот во американски стил.

– На денешен ден Американците не одат на официјални приеми во костуми и тоалети. Ние го поминуваме денешниот ден со нашите фамилии. Правиме скари, пикници и паради, ја пееме нашата химна, седиме на трева и го гледаме огнометот. Го користиме тоа време за да размислиме што претставува Америка за правата и слободите кои ги уживаме – рече таа.

Според Џес Бејли, фармерките симболизираат врска помеѓу Источна Европа и Западот.

– Многумина овде ми раскажувале како патувале до Италија за да купат еден пар „левис“ фармерки, платени со грижливо заштедените пари – рече тој.

Химната на Македонија годинава беше интонирана од Јана Бурческа.

Фото: Томислав Георгиев (Фокус)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...