Овој викенд завршуваат преговорите за новиот состав на Владата, а по празникот ќе се знаат точните министерски и директорски места, изјави премиерот Зоран Заев.
-Течат разговорите и преговорите и се надевам дека овој викенд ќе ги завршиме. По празникот ќе ги презентирам новите министри, а пота ќе бидат извршени и смените на директорските места – рече Заев на денешната прес конференција на која беше претставен планот за вработување.
Заев по најавата за проширување на владеачкото мнозинство, за влез во Владата преговараат двете крила на Движењето Беса и ДПА на Мендух Тачи.
И Беса на Билал Касами и крилото на Африм Гаши веќе изјавија дека ќе бидат новите владини партнери на Заев. Досега само Тачи не се изјасни дали ДПА ја гледа на Илинденска.