Заев по повод две години Влада: Не сум во политиката за да си го гледам раатот

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска најави дека за две недели суперсоничен авион на НАТО ќе прелета над земјава за да ја поздрави својата најнова членка.

487

Како што би рекле струмичани „ај глеј си го раатот”, не влегов во политиката за да си го гледам раатот, рече премиерот Зоран Заев, во обраќање на форумот по повод две години од неговата влада.

Тој рече дека Владата на чие чело е тој, за две години ги затвори сите отворени прашања и преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели три  децении.

– Го зачувавме македонскиoд јазик и македонскиот идентитет. Сега граѓаните чекаат јасен потег од Европската унија. Единствено што не интересира е иднината. Време на светот да му покажеме друг Балкан кој на соседите гледа како на пријатели и е концентираран на просперитетот на граѓаните. Со поглед светoт кон минатото можеме само да изгубиме. Утре почнува дводневниот состанок на НАТО, и нам ни припадна честа и привилегијата тука да држат состанок. Голема е разликата каде бевме пред 2 години, а каде сме сега – рече Заев.

Тој кажа дека оваа Влада избрала иднина, а не изолација и дека е голема е разликата каде беше земјава пред пред години, а каде е сега.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи најави дека 2019 ќе биде историска година која генерации ја чекаат 20 години, затоа што годинава во јуни или во јули ќе се донесе одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

На форумот присуствуваат претставници од граѓанскиот сектор и од академската заедница кои по говорите на претставниците на Владата, ќе може да им постапуваат прашања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...