Откако грчките медиуми објавија дека на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија на 17 мај ќе има средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, информацијата ја потврди и самиот Заев.
– Со Ципрас верувам дека ќе оствариме средба на Самитот. Веројатно ќе биде на маргините – рече премиерот.
Во насока на преговорите за името и евентуалниот напредок тој ја посочи и следната средба на министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, закажана за следниот викенд во Атина.