Заев – Пенс: Преспанскиот договор обезбедува заслуженото место во евроатлантските структури ФОТО + ВИДЕО

343

Пораки на охрабрување за Договорот од Преспа, добил премиерот Зоран Заев од потпретседателот на САД Мајк Пенс на денешната средба во Вашингтон.

Како што напиша Заев на својата фејсбук страница, Пенс ги поздравил  одговорноста и одлучноста при постигнувањето на Договорот.

– Можноста да разговараме со потпретседателот на САД Мајк Пенс доаѓа во клучен историски момент за Република Македонија. Од потпретседателот Пенс добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот од Преспа. На средбата беше истакнато дека со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури. Со тоа го осигуруваме мирот, стабилноста и просперитетот за нашите граѓани- наведува Заев.

Средбата се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...