Заев: Пендаровски е безбеден! Пендаровски: Чекам МВР да каже

Ако ме прашувате понатаму што јас знам повеќе за тоа – не знам - изјави Пендаровски и ги упати новинарите на изјава дадена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седница за пратенички прашања од крајот на јануари кој зборувал за следење на јавни личности, па дури и на великодостојници на МПЦ, од некои параструктури.

648

Премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање дали претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е безбеден со оглед на тоа што тој изјави дека го следат одредени служби, денеска потенцира дека Пендаровски е безбеден.

– Утврдено е дека се работи за сликање за докажување каква кола всушност има и вози. Верувам дека сите граѓани во Република Северна Македонија треба да се чувствуваат безбедни. Веројатно има се уште одредени луѓе кои во својата глава прават можности за навoдни конструкции, за тајни планови, работат со квази патриотски здруженија и слично. Веројатно потребата им беше за алудирање тука, јас го знам заради тоа што тоа се апсолутно согледливи состојби што се случуваат во нашата земја. Дефинитивно нашата земја е безбедна, сигурна и стабилна – посочи премиерот.

Прашан дали ќе и се извини на опозицијата која беше посочена како тајна служба, Заев истакна дека нема намера да се извини.

Пендаровски информираше дека вчера во попладневните часови во СВР Скопје поднел пријава на записник и чека надлежните служби во наредниот период да го одработат тоа што треба.

– Ако ме прашувате понатаму што јас знам повеќе за тоа – не знам – изјави Пендаровски и ги упати новинарите на изјава дадена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седница за пратенички прашања од крајот на јануари кој зборувал за следење на јавни личности, па дури и на великодостојници на МПЦ, од некои параструктури.

– Можеби тука лежи одговорот. Меѓутоа, јас тоа не го знам – рече Пендаровски, потенцирајќи дека неговиот впечаток е дека е следен, но, како што рече, сака официјален орган да му каже дали е тоа точно и се разбира, дали е само тој предмет на следење.

Тој изрази надеж дека надлежните служби си ја вршат работата и оти сите граѓаните, не само јавните личности имаат доволна заштита, не само предизборен период, туку и потоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...