Заев-Палмер: Поддршка од Вашингтон за евро-атланските интеграции и за разговорите за спорот со името

145

Премиерот Зоран Заев, попладневно во Скопје одржа средба со вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер на која Палмер јасно ја реафирмираше поддршката на Вашингтон кон процесите кои ги реализира Владата за интеграција во НАТО и во ЕУ.

Палмер, информираат од владината прес-служба, ја повтори и искрената определба, како и поддршка на САД кон Република Македонија и кон Република Грција со цел да се реализира позитивен резултат од разговорите за спорот со името.

Премиерот Заев на средбата го истакна значењето на дипломатските чекори кои ги преземаат САД и европските сојузници и пријатели на Македонија и Грција во однос на конечно решение на спорот за името, особено во период кога дипломатските активности се интензивни и кога самиот преговарачки процес е во финална фаза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...