Два дена пред годишнината од квравите настани од 27 април, премиерот Зоран Заев рече дека очекува правна разрешница и дека никој не посакува вакви настани да се повторат.
-Тоа беше настан од кој се срамат граѓаните. Убеден сум дека ќе има правна разрешница на овој настан и лицата кои учествувале во настанот и се огрешиле ќе одговараат за тоа , секако доколку се огрешиле во тоа. Секако јас и обвинетлниот акт и реалните докази кои се даваат во прилог, а впрочем и јавноста беше сведок на сетоа тоа што се случуваше сум убеден дека правниот систем нема да затаи и ќе донесе правични и правилни одлуки со конечна цел санкционирањето да ја постигне целта , а тоа е никогаш повеќе да не се повтори или уште повеќе никој да не помисли за ваква работа – рече Заев по прес-конференцијата на која беше претставен планот за вработување за 2018.
Една година по настанот, рече Заев, како општество излегуваме порисебни потрезвени од ситуацијата
-Мене ми е драго што нашата Македонија после една година сите излегуваме поучени веројатно поприсебни потрезвени позериозни како држава како граѓани како општество верувајќи во пред се блескавата и добра иднина на нашите граѓани, а секако преку вакви настани кои што не оставија застамени пред друиоте во тој момент да се покажеме дека во суштина дека тоа ние не сме- рече Заев.