Лично верувам во невиноста и презумпцијата на невиност и час поскоро ќе очекувам да се докаже таа невиност, за секако да може Фросина Ременски повторно да се врати во органите и телата на партијата, рече премиерот Зоран Заев.
Премиерот најави дека партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање на Ременски од централниот и извршниот одбор.
– Драго ми е што на сите можни начини и форми се докажува владеењето на правото, независноста на правосудството, но секако Уставот наш исто така ја гарантира презумпцијата на невиност. Тоа што го кажав уште кога се отвори овој случај, вчера го повторив, денеска повторно ќе го кажам, партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање од централниот одбор и извршниот одбор. Тоа е принципиелен став. Ние изградивме декларативни ставови, ги имаме вградено во органите и телата на партијата – рече Заев.