На претстојните претседателски избори сите учесници треба да покажат демократска зрелост и одговорност пред државата, за граѓаните слободно да го искористат своето правото на глас, а изборите да бидат фер и регуларни, е заедничкиот заклучок од средбата на премиерот Зоран Заев со делегација на ОБСЕ предводена од Шефот на мисијата во земјава, амбасадорот Клеменс Која.
– Успех за нас ќе бидат кристално чисти фер и демократски избори. Како владејачка партија се обврзуваме на тоа и очекуваме од сите учесници да бидат одговорни. Се надеваме дека опозицијата нема да се обиде да ја закочи иднината на државата, ќе преземе одговороност и нема да го блокира вториот круг. Успешни избори отвораат голем простор реформите да продолжат, Република Северна Македонија да направи нов исчекор кон интеграцијата во ЕУ. Тоа е од интерес на сите наши граѓани – рече премиерот Заев.
Мисијата на ОБСЕ е веќе активно вклучена, набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР внимателно ги следат процесите активностите пред и за време на кампањата, работата на институциите. Како дел од набљудувањето, ОБСЕ/ОДИХР исто такаќе го следи и известувањето на медиумите за време на кампањата.