Заев: Од септември зголемување од 5 отсто на платите на судиите и судските службеници

167

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за правда Рената Дескоска и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска се сретна со делегација на Здружението на судии, предводена од претседателот на здружението д-р Џемали Саити, судија во Врховниот суд.

На средбата, на која позитивно беа оценети заложбите и реформите насочени кон обезбедување независно судство, претставниците на судиите и на Владата постигнаа договор за формирање работна група со претставници од ресорните Министерства за изнаоѓање системско решение за платите на судиите.

Заев со претставниците на судиите констатираа дека од септември ќе се реализира зголемување од пет проценти на платите на судиите и судските службеници, како и дека  во тековниот Буџет има обезбедено околу 120 милиони денари за тековно исплаќање на надоместоците согласно Законот за судиите и судските службеници.

Премиерот Заев, заедно со министерот за финансии и министерката за правда, изразија уверување дека уште 120 милиони денари ќе се обезбедат со Ребаланс на Буџетот, и дека тие ќе бидат наменети за ретроактивни решенија на проблемите со надоместоците на судиите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...