Заев: Од изборите пораката до нас е приземјување, до ВМРО-ДПМНЕ е модернизација

1548

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по вечерашното првично обраќање по веќе извесната победа на Стево Пендаровски, одговараше и на новинарски прашања, при што рече дека овие избори биле порака за сите.

– Нашата порака е приземјување на одредени поединци. За ВМРО-ДПМНЕ пораката е крајно време е конечно да се модернизира, да ги напушти застарените методи на делување и да сфати дека Северна Македонија е на сите – рече Заев.

Тој најави дека сериозни промени ќе има и во извршната власт, а со најголемиот коалициски партнер, Али Ахмети, во кампањата не разговарале за тоа, но претходно веќе констатирале дека одредени промени мора да се случат.

Но, тој најави и сериозна чистка во СДСМ.

– Прво мора во Социјалдемократскиот сојуз, некои од нашите луѓе ни се изморија. Тие беа носители на победата, но истовремено фиксираа одредени гласачи да останат дома – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...