Премиерот Зоран Заев од лидерската средба на Вила Водно ќе се упати во партиското седиште на Бихаќка каде ќе има средба со коалиционите партнери.
Средбата е закажана во 20 часот.
До тогаш се очекува да заврши лидерската кај претседателот Стево Пендаровски на која покрај Заев, учествуваат и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, како и првите луѓе од партиите на Албанците: од ДУИ Али Ахмети, од БЕСА Билал Касами, од Алијанса на Албанците Зијадин Села и од Алтернатива Африм Гаши.
Во вила „Водно“ иако ненајавен пристигна и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Се очекува лидерите да разговараат за актуелната состојба по недонесувањето на одлука за датум за почеток на претпристапните преговори со ЕУ и за предлогот на премиерот Заев за одржување на брзо предвремени парламентарни избори.