Заев од Битола: НАТО ги зацементираа нашите граници, извадивме имотен лист во катастарот на ОН

194

Успеавме драги сограѓани, ние сме 30та членка на најмоќниот сојуз. Никој повеќе не може да ги крчма и раскрчмува нашите граници, го потврдивме нашиот суверенитет, истакна претседателот Заев на граѓанската трибина во Битола.

Заев се осврна и на членот 5 со кој потврдува дела доколку една земја е нападната, тоа е напад на сите 30 членки, тоа е доказ дека сме сигурни и безбедни.

Го извадивме нашиот имотен лист во катастарот на Обединетите Нации. Ние секаде сме Македонци со македонско знаме и зборуваме македонски јазик, затоа гордо можам да заклучам дека успеавме, додаде Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...