Заев: Одлуката за референдумот треба да биде заедничка

176

Државата треба да донесе заедничка одлука за референдум. Сите имаат право на дебата, државата треба заеднички да донесе одлука и обидите треба да ги правиме заедно усогласувајќи се со коалициските партнери во однос на едно вакво исклучително важно прашање како референдумското. Тоа е процес и мора и власта и опозицијата и коалициските партнери да бидат усогласен, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Според него, во процесот на утврдување на референдумското прашање ќе биде дефинирано и тоа дали референдумот ќе биде обврзувачки или консултативен.

– Она за што се согласувам со опозицијата е дека референдумот треба да биде задолжителен, а заедно треба да утврдиме дали ќе биде консултативен или обврзувачки од причини што сите овие пораки кои во последно време се испраќаат оставаат впечаток дека некој сака да ја блокира Македонија. Зборувам за задолжителен референдум ако сите 50 отсто плус еден граѓанин излезат и го поддржат референдумот, апсолутна должност на секој граѓанин е да ја испочитува одлуката и буквално да се поклони, освен ако не е негативна. Јас не верувам дека тоа е возможно денес – додаде Заев, одговорајќи на новнарско прашање.

Рече дека ова се историски чекори и решенија.

– Убеден сум дека Македонија ќе смогне сили и мудрост и за решенијата, но мудрост и сила да застанеме заедно по вака важни прашања кои навистина отвораат блескава перспектива за генерациите денес и генерациите кои доаѓаат после нас – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...