Почитувана премиерке Тереза изразувам искрена благодарност до Вас Тереза за принципиелната подршка што Велика Британија и ја дава на Македонија веќе 25 години. Денешната посета, прва по долго време, е круна на долгогодишно партнерство и пријателство, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција по средбата со британската премиерка Тереза Меј.
– Со вашето присуство премиерке потврдивте дека Велика Британија останува посветена на регионот. Сакам да посочам дека Македонија од заробена држава ја поставиме во институционална демократија. Овој исчекор го докажавме и со реализацијата на планот 3-6-9, а ќе го спреведем е и планот 18 кој се однесува на владеење на правото и борбата против организираниот криминал. Овозможете ни ја европската иднина, jа заслужуваме – истакна Заев.