Заев: Новиот оддел во „8-ми Септември“ наликува на европските медицински центри

256

Тоа што го нуди новиот оддел за трауматологија во ЈЗУ ГОБ  „8-ми Септември“ наликува на условите на големите медицински центри низ Европа, нагласи премиерот Зоран Заев, изразувајќи воодушевување од она што е сработено.

– Проценките се дека во двете операциони сали ќе се изведуваат и до 2.000 операции и интервенции годишно. Дел од работата на одделот ќе биде и постојана медицинска едукација на доктори-специјалисти и доктори на специјализација од областа на ортопедијата и трауматологија – објасни Заев.

Тој истакна дека го радува фактот што одделот ќе профункционира во пресрет на еден од најважните датуми во историјата на Република Македонија, Денот на независноста на нашата земја, односно истовремено и на деветтиот патронен празник на болницата „8ми Септември“.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека тоа е само еден дел од големите инвестиции кои Владата ги прави во здравствениот сектор во Република Македонија.

Директорот на ЈЗУ ГОБ  „8ми Септември“ Христијан Костов наведе дека новиот оддел ќе биде дел од Одделот за ортопедија и трауматологија. Располага со 16 болнички кревети и во него ќе работат 14 доктори, како и  како и дополнителен висок и среден медицински персонал.

На прашање на новинарите како го коментира вчерашното однесување на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, односно мавањето со фломастери пред новинарите, премиерот Заев одговори дека го осудува тој чин, коментирајќи дека веројатно го понеле емоциите, како што може да му се случи на секој човек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...