Заев: Нина Ангеловска нов министер за финансии

1486

Предлог за нов министер за финансии ќе биде Нина Ангеловска, изјави премиерот Зоран Заев по седницата на Централниот одбор на СДСМ. Предлогот веќе утре ќе биде доставен до парламентот.

Елизабета Наумовска ќе биде предложена за нов заменик министер за образование, Кирил Колемишоски за нов министер за економија и Неџат Мехмедовиќ за заменик министер во министерството за политички систем. Премиерот утре ќе достави предлог за разрешување на заменик-министерот за економија Кире Наумов, кој ќе биде директор на Македонската банка за поддршка на развојот.

Заев рече дека со ваквиот предлог се испраќа порака дека младите треба да се ангажираат, да се борат, да се образуваат затоа што високите позиции се достапни за сите.

– Нина Ангеловска како основач на „Групе“‘ и нејзиното 8-годишно искуство стана препознатлива не само дома туку и во регионот. Таа ќе претстави и нови политики на министерството, кои ќе значат чекорење напред. Сакаме да испратиме порака дека препознаваме млади луѓе кои се успешни – рече Заев.

На Централниот одбор избрани се пет партиски потпретседатели: Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...