Aпликацијата во која како сопственичка структура фигурирала Нина Ангеловска никогаш не добила грант, вели премиерот Зоран Заев на обвинувањата за предлжената министерка за финансии за која пратеници од опозицијата тврдат дека имала заедничка фирма со снаата на Ласкова која конкурираше на повикот на Фондот за иновации.
– Таму од постапката се повлекува снаата на Цветанка Ласкова, поради законот, грантот не е доделен – рече премиерот во одбрана на Ангеловска.