Премиерот Зоран Заев одби да ја коментира изјавата на шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска дека ќе се прави истрага за судиите од Апелацискиот суд кој гласале поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од „Шутка“ да биде префрлена во домашен притвор. Премиерот повтори дека ветинг ќе има но оти претходно прочистувањето треба добро да се обмисли за судовите и обвинителствата не останат без доволно судии и обвинители.
– Не комемнтирам за Русковска. Прибе вели политичарите да избегнуваат коментари за одредени постапки на судии, обвинители. Нашиот народ очекува протресување на судии, обвинител, политичари, директори. Тоа треба добро да се организира поучени од искуствотои на Албанија, треба да се анализира за да не останеме без судии, обвинители. Политичарите не треба да го спроведуваат ветингот. Мора да се помине низ тој процес низ поглавјата, да имаме трансформација на нашето општество. Мора да се протресеме сите, да се знае дека ако сме влезени да и служиме на државата, треба транспарентно да ги дадеме сите наши податоци и за нашето семејство. Имав политичко ветување за реизбор во правосудството. Но нема доволен резервоар за пополнување на испразнетите места. Ветингот е комплесна работа и ние политичарите сме решени тоа да го направиме – рече Заев.
Тој додаде и дека во врска со овој процес има позитивни сигнали и од опизицијата, и се надева дека наскоро ќе се реализира.