Заев: Не сум за предвремени избори иако пресметките во СДСМ се дека сега е најдобро време

1071

Премиерот Зоран Заев рече останува на ставот дека е против предвремени парламентарни избори оваа година иако пресметките во неговата партијата се дека сега е најдобро време за тоа. Сепак, рече тој, на граѓаните им е преку глава и време е да се даде шанса на економијата, а политичките интереси да се стават во втор план. Затоа, нагласи, сега смета дека треба да се оди само на претседателски избори.

– Јас останувам на мојот став да нема потреба од предвремени парламентарни избори, но јас сум само еден од политичките чинители во Македонија. Јас ќе го елаборирам мојот став, но и мојата политичка парија нема отворено дебата. СДСМ крајот на јануари ќе ја отвори таа дебата, коалиционите партнери ќе ја отворат дебата и ќе носиме одлуки. Уште еднаш го кажувам мојот став. Кога толку вложивме во интеграциите, изградивме пријателство со сите соседи и решивме децениски спорови, треба да бидеме себични, да не бидеме реални кон државата и да се водиме од политички интерес за да одиме на избори. Ова целото што го правиме, ако успее процесот кај нас и во Грција, треба да го искористиме да дадеме шанса на економијата, да ги собереме економските плодови. Верувам дека треба да дадеме шанса на тоа. Мојата партија прави пресметки дека сега е најдоборо време, ќе имаме четири нови години, тоа е примамливо. Но со избори ќе изгуби Македонија, на таков начин отвораме агрегат од 4-7 месеци кој ќе влијае на економијата, затоа што не се само изборите и кампањата, сѐ застанува: мандатот, конституирање на парламент, формирање Влада, преговори итн. На луѓето им е преку глава, затоа даваме шанса на потребите на државата, а ние политичарите наштите потреби и планови да ги ставиме во втор план – изјави Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...