Работам колку што можам, за проблемите да бидат решени, но не сум волшебник, нагласи премиерот Зоран Заев вечерва на Македонската телевизија.
– Јас ги гледам проблемите, но не сум Дон Кихот или волшебник и проблемите од 28 години, јас за нешто повеќе од две години сите да ги решам. Имаме напредок, но и јас не сум задоволен. Да не сум премиер, подруго ќе реагирам. Што се однесува до младите, ќе ги одучиме да спијат по цел ден, ќе ги оттргнеме од алкохолизмот – рече Заев.