Заев не сака да биде кандидат за претседател за да не ја загуби радоста од имплементацијата на Договорот со Грција

577

За искрено пријателство меѓу двете земји и двата народи, за позитивните придобивки од Договорот од Преспа, за процесите во македонското Собрание и грчкиот Парламент, за членството во НАТО, претстојните претседателски  избори кај нас, но и за кандидатурата за Нобеловата награда за мир, говори македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој објаснува дека нема да биде кандидат за претседател бидејќи не сака да ја загуби радоста на моментот кога ќе се имплементира договорот. Вели дека „следниот претседател треба да ги претставува сите граѓани, бидејќи сегашниот, со целата почит, еден демократски политичар не ги исполни очекувањата во целост“.

Повеќе детали од интервјуто можете да прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...