Заев не размислува за оставка, ниту за предвремени избори

503

Премиерот Зоран Заев во коментар на барањето на опозицијата за оставка и предвремени парламентарни избори по објавата на случајот „Рекет“ синоќа изјави дека нема намера да размислува за такво нешто.

– Апсолутно Владата, која го има на чело човекот кој го пријави овој случај, сето тоа го ставам во вода, го ставам на страна, немам намера да размислувам ниту за оставки, ниту за предвремени избори – изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања за случајот „Рекет“, синоќа на приемот во Клубот на пратеници по повод 18-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Изборите, дополни тој, се редовни.

– Реков дека тие не мора да бидат во декември затоа што тогаш беа преусилени и мораше да се случат во декември. Може да бидат во октомври, ако тоа за некого значи успех за предвремени избори. Но, по големите политички одлуки, по сите реформи кои заедно ги донесовме, по нашето очекување за полноправно членство во НАТО, да почнеме преговори со ЕУ, време во кое економските параметри се одлични и продолжуваат да бидат одлични, треба да ѝ дадеме шанса на државата, да истурка максимум од овој неповторлив, драгоцен период, поради тоа што економски бенефит треба да видат граѓаните – рече премиерот Заев.

Тој повтори дека мора да се даде шанса да расте економскиот стандард и тоа да не се уништи, како што рече, преку нечија желба да се оди на предвремени избори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...