Заев: Не ми паѓа на памет да понудам оставка! (ВИДЕО)

3649

Не ми паѓа на памет да си дадам оставка, јас сум доблесен! Ако држевме лекција на успешност оваа влада и овој премиер, тоа го направија. Не гледам никаква причина Зоран Заев да понуди оставка. Го сплотивме општеството, чекориме кон пристапувањето и кон Европската унија, ги решивме проблемите со Бугарија и Грција, а новите економски параметри кршат рекорди, одговори вечерва Зоран Заев, а во врска со тоа дали ќе понуди оставка во партијата, по разрешувањата во сите органи на СДСМ.

Тој истакна:

– Секаде каде се покажала ароганција, ќе се случат промени, затоа што само така е во ред. Имаме слабости и кај градоначалници, и кај директори, оти ветивме живот за сите, тоа мора да го исполниме нагласи Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...