Не знам што вели задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Будимпешта, но јас знам дек по 10 години Македонија конечно ќе добие претседател на државата. Тоа е Стево Пендаровски, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев од централниот митинг во Скопје.
Тој претходно им кажа на граѓаните да ги развиорат знамињата за да направи селфи, како што рече, селфи за паметење, бидејќи се во огромен број.