Зоран Заев не очекува дека претседателот на државата, Ѓорге Иванов, пред заминување од функцијата ќе амнестира некого, а за тоа, вели премиерот, нема ниту законска можност.
Амнестијата која се случи за 27 април, Заев отворено кажува дека била во рамки на процесот на помирување кога на државата и требаше двотретинско мнозинство за уставни измени.
– Јавно го кажувам тоа – вели тој.
Во изјава која премиерот ја даде денеска пред Кривичниот суд, каде беше поради случај кој се води за закани што ги добивал во 2016 година, вели дека не очекува која било институција да покрене нов процес за амнестија.
– Верувам дека Парламентот нема потреба повеќе да посегнува по вакви работи затоа што овој случај беше јасно издиференциран каде се одделија сите кои учествуваа во реализацијата на насилството од сите оние кои беа заведени во таквиот случај. Согласно на тоа, не верувам дека никоја од институциите ќе покрене процес на амнестија, ниту Министерството за правда кое има надлежности за отворање вакви постапки, ниту претседателот Иванов. Не очекувам вакви работи затоа што и не постои законска можност во моментот претседателот на државата да амнестира – изјави Заев.
ФОТО: EPA/TOMISLAV GEORGIEV